Либански медиуми: Израел изврши најмалку два напади врз области во јужен Либан

– Израелски воени авиони денеска извршија најмалку два напади врз области во јужен Либан, јавуваат локалните медиуми.

Официјалната либанска национална новинска агенција (ННА), како што пренесува Анадолија, соопшти дека израелските напади се случиле на јужната периферија на градот Мејс ал Џабал и селото Хула. Агенцијата не наведе дали нападите резултирале со жртви или материјална штета.

ННА објави и дека продолжува раселувањето на Либанците од селата во пограничните области со Израел.

Израелски воени авиони извршија воздушни напади доцна синоќа и врз градот Газије, јужно од Сидон, на околу 50 километри од пограничните области, тврдејќи дека нападнале инфраструктура на милитантната група Хезболах.

По почетокот на израелската воена офанзива на Појасот Газа се зголемија тензиите долж границата меѓу Либан и Израел, со повремена размена на оган меѓу израелските сили и Хезболах, во најсмртоносните судири откако двете страни влегоа во војна во 2006 година. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира