Ликовна изложба „Кобалт Синергија“ на Венко Цветков во МКЦ

Во изложбениот простор Галерија на Младинскиот културен центар, во Скопје, вечер ќе биде отворена изложбата со наслов „Кобалт Синергија“.

Ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, ќе има проекција на видео ролна и два видео арт остварувања на учесникот во проектот Симон Гегај. Во содржината на видео ролните се и концепциските обсервации, во вид на записи на третиот учесник во проектот Корнелија Буклеска.

За изложените ликовни дела критички осврт ќе има проф. Владимир Величковски.

Изложбата трае до 3-ти март.

Треба да знаете
Moже да ве интересира