Македонија во портокалова фаза, денес температури до 40 степени

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува екстремно топло време, а целата држава влегува во портокалова фаза. 

Според прогнозата на УХМР денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Температурите ќе се движат од 15 степени наутро до 40 степени во текот на денот во јужните делови од земјава.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ѝ верувате на водата од вашиот водовод?