Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Рамазан Бајрам не упатува на меѓусебно разбирање, трпение и посветеност кон заедничкото добро

„Најискрени честитки до сите соседи, пријатели и партнери кои по рамазанските пости го прославуваат Рамазан Бајрам“, порача во својата објава вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Во честитката Маричиќ напиша дека „во ова време на споделување на милост, им честитам на сите муслимани кои прославуваат со своите семејства ширум државата со искрени желби за добро здравје, многу среќа и бериќет“.

„Различните култури и верски верувања, се вистинско богатство на нашата заедница. Нека овој празник Рамазан Бајрам нè потсети на важноста на мултикултурниот живот, со поттик за меѓусебно разбирање, трпение и посветеност кон заедничкото добро!“, нагласува во својата објава вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира