Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицотакис утре во Белград со Вучиќ и на српско-грчки бизнис форум

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утре во Палатата Србија ќе го пречека премиерот на Република Грција, Киријакос Мицотакис, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од Службата за соработка со медиумите на српскиот претседател, Мицотакис в понеделник ќе биде во работна посета на Србија.

Во рамките на посетата на грчката државна и бизнис делегација на Србија, Стопанската комора на Србија (ПКС) со поддршка на грчката амбасада во Србија ќе организира српско-грчки бизнис форум и презентација на српските развојни проекти, соопшти ПКС.

Во воведниот дел на форумот, пред учесниците ќе се обратат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, кој ја предводи грчката делегација во посета на Белград. На форумот ќе се обратат и вицепремиерот и министер на финасисии Синиша Мали и грчкиот заменик министер за надворешни работи Константинос Фрагојанис.

Министрите во Владата на Србија пред српските и грчките бизнисмени ќе ги презентираат клучните развојни проекти на Србија во наредниот период, соопштија од ПКС. 

Зачлени се на нашиот е-билтен