Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мишчевиќ: Србија ги споделува европските вредности и ги смета за домашни

 Српската министерка за евроинтеграции Тања Мишчевиќ на Конференцијата „Новите достигнувања на Европската Унија во областите на заедничката безбедносна и одбранбена политика“ изјави дека е важно да се обрне внимание на вклучувањето на Србија во заедничката безбедносна и одбранбена политика, односно вклучување на Србија во мисиите на ЕУ, во функционирањето на Европската агенција за одбрана и вклучување во цивилните мисии на ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

Како пример таа ја наведе операцијата Аталанта од почетокот на 2010-тите, кога српските офицери заедно со француските војници учествуваа во борбата против пиратите.

-Тоа е најдиректна демонстрација на партнерството што Србија, нејзините вооружени сили, Министерството за одбрана и целата земја го посветуваат на она што сè уште се обидуваме да го потврдиме денес. Србија ги споделува европските вредности и е подготвена на секој начин, заедно со сите земји-членки – и не само во одржувањето на мирот, туку и во воспоставувањето мир, во организирањето и помагањето на развојот на државите по воените конфликти, но и во управувањето со миграцијата, да продолжи да ги споделува вредностите заедно со ЕУ, бидејќи ги гледаме како наши домашни вредности, како дел од европскиот континент, истакна Мишчевиќ.

Шефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Емануел Жиофре изјави дека на Европската Унија и се потребни пријатели и сојузници и потсети дека Србија е првата земја во светот што доби аташе за одбрана на ЕУ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен