Многу причини зошто треба да продолжат разговорите со ЕУ, младите сакаат европска иднина!

„Северна Македонија во никој случај не треба и не може да скршне од патот кон членство во ЕУ“, вели во изјава за „Фронтлајн“ Исмет Рамадани – поранешен пратеник и политички аналитичар.

Исмет Рамадани
Исмет Рамадани

Според него, има многу причини зошто треба да продолжат разговорите со ЕУ.

– Апсолутно мнозинство од граѓаните повеќе од триесет години се предодредени за евроатлантска интеграција. Второ, членството во НАТО, за европска држава, по непишано правило, е предодредено и за членство во ЕУ. Сега кога стратешката определба на РСМ го доби евроатлантскиот печат, ако некој излезе и некој отстапи од оваа опција, тоа е самоубиствена авантура, било да е тоа политички субјект или поединец. За жал, во таборот на опозицијата ги има таквите кои играат на оваа опасна карта, вели Рамадани.

Затоа, додаде нашиот соговорник, граѓаните кои веруваа се мнозинство, и со својот глас ќе ги маргинализираат овие сили под влијание на руската пропаганда.

– Ова е најдобриот начин да се продолжи евроинтеграцискиот пат. Отстапувањето од овој пат може да ни донесе меѓуетничка дестабилизација, изолација и многу непредвидливи последици за нашата иднина, подвлече Рамадани.

Агрон Демири

Коносителот на листата на СДСМ и Коалицијата во Изборната единица шест, Агрон Демири, од вчерашниот митинг во Скопје порача дека младите не сакаат поделби и тензии, младите сакаат европска иднина, европско образование, сакаат европски услови тука – дома.

– Ние младите ја сакаме Европа, ама тука дома во Македонија и тоа ќе го оствариме, истакна Агрон Демири.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на централниот митинг во Скопје на Коалицијата за европска иднина изјави дека ако претходно главна дилема на граѓаните беше дали ќе нè биде или не, денес разговараме за тоа колку брзо ќе станеме членка на Европската Унија.

– Тоа е вистински прогрес, тоа е вистинска работа! Да успееш за подобар живот на граѓаните, и тоа што е можно побрзо, бидејќи ниту граѓаните, ниту Македонија, немаат повеќе време за чекање, порача претседателот на СДСМ.

Говорејќи за изминатите седум години, во кои владите предводени од СДСМ се соочија со многу предизвици и кризни состојби, Ковачевски потенцираше дека имало и подеми и падови, но она што е најважно е дека во ниту еден момент немало откажување, предавање или барање оправдувања.

„Како што доликува на одговорна, посветена и подготвена партија, целосно влеговме во борбата за достоинствен живот на граѓаните, во решавањето на големите проблеми. Постојано, енергично и со целиот државен капацитет, знаење и разум бевме рамо до рамо, со граѓаните и за граѓаните. Затоа мора да се бориме, да продолжиме да ја менуваме Македонија, како европска држава“, рече Ковачевски.

Тој потенцираше дека Владата на СДСМ и во време на КОВИД пандемија и енергетска и економска криза успеа да ја намали невработеноста, да го зголеми животниот стандард и да осигура стабилност и безбедност за граѓаните.

„За тоа говорат резултатите. Ја зголемивме минималната плата за 120%, просечната за 80%, а пензиите пораснаа за 55%. Над 100 милиони евра дадовме за поддршка и развој на домашните компании, а со 2,6 милијарди евра антикризни мерки ги поддржавме граѓаните и стопанството и ја спасивме земјата од колапс. Во тешки услови, обезбедивме и два и пол пати повисоки странски директни инвестиции на годишно ниво, и ја започнавме енергетска трансформација на земјата“, истакна Ковачевски.

Дестан Јонузи/ ЦивилМедиа

Треба да знаете
Moже да ве интересира