Мурал „Правината се танчи, ама не се кинит“ на објектот на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп

Jас сум ти како питач што одам
од куќа до куќа и бележам што ќе слушнам,
да остане вечно, да не се заборави.
Марко Цепенков

Во рамки на годишниот конкурс поддржан од страна на Mинистерство за Култура на Република С. Македонија, насловен „Цртај на македонски јазик“, одобрен е проектот „Јазикот коски нема, но коски крши“ на визуелната уметница Ивана Самандова.

Во склоп на проектот, на објектот на Националната Установа Центар за Култура (НУЦК) „Марко Цепенков“ во Прилеп, исто така во соработка со ФРУ, се реализираше мурал од Ивана Самандова, придружена од уметниците Методи Исков и Александар Џинго, а фокусот на муралот е пренасочен на величината на Марко Цепенков.

Како еден еден од најбитните и истакнати фигури во македонската историја и култура, Марко Цепенков е познат како собирач на македонски народни умотворби кои се од големо значење за македонската фолклористика, лингвистика и етнографија. Меѓутоа, од архивата на неговите записи и лични цитати, она што е фасцинантно се токму неговите лични записи со безвременски карактер кои до ден-денес се релевантни во одредени општествени, социолошки и културолошки аспекти.

Една од главните идеи за овој мурал е создавањето „искра“ и љубопитност кон истражувањето и врската меѓу современиот свет и историското културно наследство. Избегнувањето на централизираноста на културата и уметноста во само еден град како и остварувањето на соработката помеѓу Центарот за Култура и локалните уметници, е стремеж кон визуелно осовремување и освежување на објектот, создавајќи ликовна композиција која корелира со предизвикот и играта на архитектурата.

Цитатот Правината се танчи, ама не се кинит(Правдината се тенчи, но не се кине) е личен цитат од Марко Цепенков преку кој може да се интерпретираат неколку перспективи како истрајноста, флексибилноста и настојувањето во потрагата на правдината во општествените пошироки аспекти. Овој концепт на правдина укажува дека и во мигови кога таа умее да биде истенчена, никогаш не може да биде комплетно уништена.

Фундаменталните принципи на правдината се издржливи, а нејзината флексибилност е таа која умее да се прилагоди во разновини контексти кадешто се наоѓаат решенија за комплексни ситуации од страна на бројни ентитети кои застануваат на страната на она што е исправно.

Во март, организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, заедно со уметниците Ивана Самандова, Ана Трајковска и Доротеј Нешовски покренаа акција за обновување на фасада на зграда во центарот на Скопје, изработувајќи мурал посветен на потребата од солидарност.

Треба да знаете
Moже да ве интересира