Пред две недели премиерот Христијан Мицкоски, а и министерот за економија Бесар Дурмиши по притисокот на јавноста најавија дека ќе се реализира есенската кошничка со ограничени цени и маржи и иако оваа недела требаше да се донесе одлуката, за неа Владата ќе расправа дури следната недела.
Исто така Дурмиши денеска потврди дека нема да има замрзнување на цените туку производите кои што ќе се најдат на листата за есенската кошничка ќе бидат само со ограничена бруто профитна маржа до 10 проценти
Дел од производите што ќе бидат опфатени со мерката се лебот, пекарските и млечните производи, овошјето, зеленчукот, а кошничката ќе биде краткорочна и во сила еден месец, а ќе продолжи за новогодишните и сите следни празници.
Во изминатите две недели Дурмиши и Мицкоски неколку пати најавуваа дека е и можно замрзнување на цените, но и намалување на маржите до 15 проценти на трговија на мало.
Во изминатиот перод тговците удрија на профит, па и покрај тоа што цената на храната на светските берзи се намалува во земјава доматите достигнаа цена од 150 денари, грозјето над 100 денари како и праските, а пиперките за јавар не може да се најдат за помалку од 60 денари.
Според министерот Дурмиши, Законот за нефер трговски практики останува во сила. Рабатот и дополнителните трошоци од листата на 2 548 тарифни броеви на земјоделски и прехранбени производи во трговија на мало и трговија на големо ќе бидат ограничени на 10 проценти, почнувајќи од 28 септември.