Насрала: Иран нема да биде вовлечен во потенцијална војна меѓу Хезболах и Израел

Во случај на израелска офанзива во северен Либан, Хезболах ќе се бори без помош на Иран, изјави лидерот на проиранската милитантна група Саид Хасан Насрала на средба со шефот на специјалните единици на иранската револуционерна гарда Кудс, Есмаил Кани.

Хезболах ја поддржува палестинската група Хамас од почетокот на војната во Газа, а поради можното продолжување на војната, Насрала истакна дека не сака Иран да биде вовлечен во таков конфликт.

Официјални лица на израелските безбедносни служби тврдат дека не сакаат поширок конфликт, додека израелскиот министер за одбрана Јоав Галант посочи дека Израел сака да ги отстрани борците на Хезболах од границата, но и оти има простор за дипломатски решенија. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира