Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Новоизбраниот претседател на Тајван назначи нови министри за надворешни работи и одбрана

 Новоизбраниот претседател на Тајван Лаи Чинг-те, кој треба да ја преземе власта во мај, денеска именуваше нови министри за надворешни работи и за одбрана, бидејќи островот се соочува со тековни воени закани и дипломатска изолација од Кина.

Чинг-те го именуваше сегашниот секретар на претседателот, Лин Чиа-лунг, за нов министер за надворешни работи, додека Велингтон Ко стана министер за одбрана. Лин претходно беше градоначалник на најголемиот тајвански град Таичунг, а Ко, кој е адвокат, беше на чело на советот за национална безбедност под актуелниот претседател Цаи Инг-вен, кој ја напушта функцијата по два четиригодишни мандати. И двајцата се членови на владејачката Демократска напредна партија.

Тајван последните години ја зајакнува својата одбрана од Кина со нови бродови, подморници, воени авиони, ракетни системи и други копнени одбранбени системи.

Во јануари Лаи Чинг-те победи на претседателските избори во Тајван, остров кој Кина го смета за составен дел од својата територија што треба да се обедини со татковината.

Треба да знаете
Moже да ве интересира