Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Обнова на ДП“: На протестот имаше 120.000 лица, Баша да го предаде печатот

 Побројното крило на албанската опозициска Демократска партија – „Обнова на ДП“ го повика Љуљзим Баша, официјален лидер на партијата, да им го предаде печатот за во судот да го сменат името на партискиот лидер.

Пренесувајќи го ставот на „Обнова на ДП“, Флоријана Гаро, кажа дека Баша тоа мора да го стори под итно, затоа што масовното присуство на синоќешниот протест ја потврдува поголемата поддршка кон нив, како од членството, така и од граѓаните.

-По груба процена на синоќешниот протест учествуваа околу 120.000 граѓани, а може и повеќе, за што им се заблагодаруваме на сите оние демократи и граѓани кои дојдоа таму да ја поддржат опозицијата и тоа е извонредна работа. Тоа потврди кон кого се демократите. Го повикувам Баша и пратениците кои го поддржуваат и да го достават печатот на ДП, изјави Гаро.

Седиштето на партијата насилно го зазедоа и сега го користат приврзаниците на Бериша, додека печатот и логото се кај Љуљзим Баша, чие име во судскиот рестар стои како лидер на партијата. Во парламентот поголемиот број од пратениците се со Бериша, 47 од вкупно 55 колку што има ДП.

Околу протестот, реагираше и поранешниот шеф на албанската држава, сега лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, оценувајќи го како „величенствен протест и голем успех на меѓународната сцена“

„Вчерашниот грандиозен протест на стотици илјади слободни граѓани против нарко-државата и јасната порака што ја даде наиде на голем одек во најпрестижните светски медиуми. Голем успех на меѓународната сцена на бескрајната битка на албанскиот народ за одбрана на плурализмот, слободите, правата и човечкото достоинство“, напиша Мета. 

Зачлени се на нашиот е-билтен