Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право во НУБ „Климент Охридски“

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје денеска по повод Светскиот ден на книгата и авторското право го организира традиционалниот настан посветен на чествувањето на книгата, авторите и читателите, со подарување книги и рози во холот на Библиотеката.

За време на одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право ќе бидат прочитани светската порака од генералната директорка на УНЕСКО Одре Азуле и македонската порака што оваа година ја напиша поетесата, пијанистка и композиторка Ива Дамјановски, а извадоци од делата на легендарниот писател Мигел де Сервантес ќе читаат дел од дипломатскиот кор на земјава.

На одбележувањето ќе се обратат директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Рахметула Куќи, и амбасадорот на Кралството Шпанија, Хосе Луис Лозано Гарсија.

Треба да знаете
Moже да ве интересира