ОН: Во конфликтите меѓу Судан и Јужен Судан загинаа 75 лица

Во конфликтите во спорниот регион Абиеј се убиени 75 лица во последните две недели, изјави претставникот на ОН во Јужен Судан, Николас Хејсом.

Тој ја повика владата да ги истражи нападите и да ги намали тензиите, а исто така ги повика локалните лидери да се воздржат од употреба на насилство за решавање на меѓусебните проблеми.

Норвешката, британската и американската амбасада објавија заедничко соопштение во кое бараат владата на Јужен Судан да ги повлече своите трупи од регионот Абиеј за да спречи понатамошна ескалација на насилството.

Внатрешните и прекуграничните конфликти ескалираа откако Јужен Судан распореди војници на спорната територија во март. Тамошната мировна мисија на ОН исто така го осуди распоредувањето на тие војници.

И Судан и Јужен Судан полагаат право на Абиеј кој е богат со нафта, но се договориле за привремена административна граница со договор од 2011 година.

Сепак, активистите за човекови права ги обвинуваат двете страни за прекршување на договорот. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира