Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Османи: Со истрајна политика успеавме да ја спасиме најкомплицираната организација во светот од пропаст

Не беа направени компромиси по однос на принципите и заложбите на ОБСЕ за изборот на Малта за следен претседавач со ОБСЕ. Нашиот постојан претставник во ОБСЕ направи исклучително успешна операција на постигнување согласност на ниво на амбасадори, а потоа и на политичко ниво на министри, изјави актуелниот претседавач на ОБСЕ и шеф на дипломатијата Бујар Османи на завршната прес-конференција на 30. Министерски совет на ОБСЕ што изминатите три дена се одржа во Скопје. 

Прашан како успеале Русија да се согласи на консензус за претседателството на Малта со Организацијата, Османи, рече, „без да бидам нескромен ‘со умешна демократија’“. 

– До пред неколку дена беше невозможна мисија. Гледајте ги текстовите на меѓународните новински агенции, кои што зборуваа за пропаст на ОБСЕ, дека на ОБСЕ и се гледа крајот, дека нема шанси 57 земји членки, и САД и Русија да постигнат консензус за едно прашање. И Укриана и Русија. Никој не можеше да претпостави дека не само што ќе имаме консензус по однос на држава претседавач, туку ќе имаме и продолжување на мандатот на четворицата, за кои различни земји имаа, различни забелешки по однос на секој од нив. Успеавме преку таа наша истрајна политика, за што сакам да се заблагодарам на дипломатите во Министерството, изјави Османи. 

Секое потценување кон нашата дипломатија и потценувањето на нашата држава и нејзините капацитети, нагласи Османи, од денеска треба да престане и треба да се врати самодовербата во нас. 

– Граѓаните да ја вратат самодовербата во институциите на државата кои што, денеска успеаја да ја спасат најкомплицираната организација во светот од пропаст. И ова мислам дека ќе значи една силна инспирација за да се продолжи понатаму, не само да придонесеме во меѓународните политички динамики, туку и во внатрешните предизвици кои што ги има државата, изјави Османи. 

Османи, појасни дека, првичната позиција била продолжување на мандатот, прво три години за четворицата, потоа во последните шест месеци се разговарало за една година продолжување, за, како што рече, да се постигне компромис за продолжување на девет месеци. 

– Тоа е дел од преговори, кои што ги спроведовме во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта и во текот на утринскиот ден. Благодарност до нашиот постојан претставник во ОБСЕ. Навистина, не треба да е нескромно, ако кажам дека денес треба сите да се гордееме со капацитетите на оваа мала држава. И од аспект на самиот настан и од аспект на претседавањето, но посебно по однос на тоа што успеавме да ја спасиме оваа Организација, изјави Османи. 

Зачлени се на нашиот е-билтен