Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Откриен најстариот кармин на светот

Во Иран е пронајден кармин од бронзеното доба, за кој се смета дека е стар приближно 4 илјади години.

Во регионот  Жирофт (Jiroft) во југоисточен Иран е откриено мала туба која датира од бронзеното доба.

Камената туба е најстариот примерок на кармин откриен досега.

Според студијата објавена во списанието Scientific Reports, карминот датира помеѓу 1.936 и 1.687 п.н.е.

Според научниците, големината на тубата и сложените украси укажуваат на тоа дека веројатно била користена од елитен член на општеството.

Истражувачите кои ја спроведоа студијата во изјавата за списание Scientific Reports истакнаа дека овие луѓе ја држеле тубата со едната рака, а со другата рака користеле апликатор за да ја нанесат темно црвената мешавина.

Според научниците, црвената смеса е многу слична на кармините кои се користат денес. Затоа се смета дека примерокот на кармин е најстариот кој е пронајден некогаш.

Исто така се смета дека откритието може да обезбеди важни индиции за развојот на културите од бронзеното време.

Тимот претходно има пронајдено траги од зелена, сина и жолтеникаво-розова сенка за очи.

Извор: Scientific Reports

*Фотографиите за веста се обезбедени од Универзитетот во Падова и Shutterstock.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново