Ова е скриеното значењена Лав XIV! Ги открива плановите на новиот папа: Еве зошто Роберт Превост избрал да го нарекуваат вака (ФОТО)

Од 266 папи кои досега ја воделе Римокатоличката црква, ниту еден не бил од САД.

Американецот Роберт Ф.Превост вчера е избран за нов папа на Римокатоличката црква, кој го избрал името Лав XIV. Неговото име го објави кардиналот протоѓакон Доминик Мамберти со традиционалната прокламација „Хабемус Папам“ (Имаме папа).

Потсетуваме, тој беше избран во четвртиот круг на гласање. Тоа значи дека конклавата заврши порано од изборот на папата Франциско, кој беше избран во петтиот круг.

Првата голема одлука на новиот папа е изборот на името. Тоа име, вкоренето во вековната црковна историја, ја сигнализира агендата на новиот папа внатре и надвор од Црквата. Имено, нема официјални правила кои го регулираат изборот на името – целосно зависи од него. Според Аксиј, името Лав XIV е знак дека тој ќе има тенденција да се поврзува со доктринална јасност и конзервативно ориентирана одбрана на традиционалните црковни учења.

Претходниот папа Фрањо почина во понеделник на Велигден на 88-годишна возраст по 12 години на чело на Црквата. Неговиот наследник беше избран од 133 кардинали помлади од 80 години.

Зачлени се на нашиот е-билтен