Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пад на трговскиот дефицит на ЕУ со Кина за 27 отсто 

 ЕУ лани во трговската размена со Кина оствари дефицит од 291 милијарди евра, што претставува намалување за 106 милијарди евра или за 27 отсто во споредба со 2022 година, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. 

Според Евростат, во периодот од 2013 до 2023 година, трговскиот дефицит на ЕУ со Кина варираше од 104 милијарди евра во 2013-та, до 397 милијарди евра во 2022 година. 

Во 2023 година Кина беше водечка земја на потекло на стоките увезени во ЕУ, на која отпадна 20,5 отсто од вкупниот увоз во Унијата. Во исто време, кинескиот пазар беше трет на листата на извезени стоки од ЕУ, со удел од 8,8 проценти во вкупниот европски извоз. 

На првото место според обемот на увоз од Кина со вкупен промет од 56,3 милијарди евра се најде телекомуникациската опрема, што претставува намалување од 63,1-те милијарди евра во 2022 година. Натаму следуваат електричните машини и апарати со увоз во вредност од 36,5 милијарди евра и машините за автоматска обработка на податоци со 36 милијарди евра. 

Процентуално, најголем годишен раст е забележан кај увозот на кинески автомобили и моторни возила од 36,7 отсто за 3,5 милијарди евра, додека најголемо намалување споредно со 2022 година од 45,4 проценти има кај увозот на органски, неорганските и сродните соединенија-катализатори на хемиските реакции и тоа за 13 милијарди евра. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира