Падна ChatGPT, корисниците пријавуваат проблеми ширум светот

Најпопуларниот модел на вештачка интелигенција ChatGPT моментално е недостапен за многу корисници.

Вештачкиот бот не може да прифаќа барања, што резултира со порака за грешка по секое барање.

До 11 часот наутро, повеќе од 5.000 корисници го пријавиле проблемот, а компанијата сè уште не коментирала што точно се случува.

OpenAI потврди дека корисниците моментално имаат проблеми низ целиот свет, при што многумина не можат да пристапат до вештачката интелигенција.

Овој прекин досега трае некаде околу 45 минути. Според DownDetector, ChatGPT моментално има прекин во САД, Европа, Индија, Јапонија, Австралија и други делови од светот.

На страницата за статус, OpenAI потврди проблем што влијае на ChatGPT.

„Го истражуваме проблемот за наведените услуги“, соопшти компанијата.

Најчитано