Пакистанскиот суд осуди студент на смрт и тинејџер на доживотен затвор поради богохулење

Судот во Пакистан во два одвоени случаи осуди 22-годишен студент на смрт и тинејџер на доживотен затвор поради наводна навреда на пророкот Мухамед, соопштија денеска нивните адвокати и судските службеници.

Двајцата ги негираа обвиненијата и најавија жалби на пресудите.

Адвокатот на студентот, кој е осуден на смрт рече дека судијата во градот Гуџранвала во провинцијата Пенџаб минатата недела го осудил неговиот клиент на смрт во случајот што започна во 2022 година под обвинение дека споделувал богохулна содржина преку Вотсап.

Неговиот татко телефонски рекол дека моментално се крие и дека не може да открие каде се наоѓа. „Некои луѓе во нашето село веруваат дека треба да бидам убиен затоа што сум татко на момчето кое наводно го навредувало пророкот на исламот“, истакнал таткото на студентот.

Исто така минатата недела истиот суд осуди 17-годишник на доживотен затвор. Неговиот адвокат и семејството не можеа да бидат контактирани за коментар.

Според пакистанските закони за богохулење, секој што е прогласен за виновен за навреда на верата или верските личности може да биде осуден на смрт. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира