Педесет и пет земји-членки на ОН потпишаа Декларација за 90-годишнината од Холодоморот

Педесет и пет земји-членки на ОН ја потпишаа Декларацијата иницирана од Украина по повод деведесетгодишнината од холодоморот ( гладоморот) 1932-1933 година во Украина.

Како што пренесе дописникот на Укринформ од Њујорк, документот нагласува дека „Холодомор е национална трагедија на украинскиот народ што однесе милиони невини животи и беше предизвикана од суровите акции и политики на тоталитарниот режим“.

„Трагедијата на Холодомор треба да биде потсетник за сегашните и идните генерации за потребата од безусловно почитување на човековите права, вклучително и правото на живот, со цел да се спречи повторување на такви трагедии, како и да се спречи употребата на гладување на цивилите. како метод на војување, особено со нарушување на синџирите на производство и снабдување што ја зголемува глобалната несигурност на храна, особено за најранливите“, се вели во декларацијата.

Декларацијата повикува на почитување на споменот на жртвите на Холодомор, „смртоносен глад предизвикан од човекот кој ги однесе животите на милиони Украинци, вклучително и лица од други националности кои живееле во Украина во тоа време“, ја осудува суровата политика што ја спроведуваше сталинистичкиот режим, ја повторува посветеноста на сите земји-членки да ги забрзаат активностите за ставање крај на гладот, вградени во декларацијата одобрена од Генералното собрание на ОН во септември 2023 година.

Декларацијата беше потпишана, од земјите од Европската унија, Азербејџан, Австралија, Босна и Херцеговина, Гватемала, Чиле, Јапонија, Јужна Кореја, Велика Британија, САД, Уругвај, Костарика, Маршалските Острови и Палау. .

Како што објави Укринформ, Врховната Рада, украинскиот парламент, усвои изјава по повод 90-годишнината од Холодоморот од 1932-1933 година во Украина и ги повика меѓународните организации и парламентите да го признаат како геноцид врз украинскиот народ.

Во својот говор по повод Денот на сеќавање на Гладоморот (26 ноември) во Собранието на Република Северна Македонија, 24 ноември 2022 , претседателот на Цивил, Џабир Дерала, од името на организацијата, која деновиве подбележува 24 години постоење, упати апел до македонските парламентарци да го прогласат Гладоморот за геноцид и да продолжат со благородната поддршка на украинската борба за слобода. За да не се повтори никогаш повеќе.

Драган Мишев (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира