Пендаровски: Масовно на избори, да не дозволиме рециклажа на режимот

Намерата на ВМРО-ДПМНЕ да испреговара нова рамка за процесот за членство во ЕУ на враќа назад, во нови 10-20 години чекање додека не испреговараат исти договори и притоа немаат никаква гаранција дека она што веќе го има на хартија, прифатениот македонски јазик и идентитет, дека тие тоа ќе го задржат.

„ВМРО-ДПМНЕ не ја заслужува нашата доверба затоа што се истите тие по име и презиме кои беа најблиски соработници со Никола Груевски. Тоа се децата на Груевски кои знаат само на таков начин да владеат. Се’ е исто. Генералниот секретар на таа партија е сега претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски беше прв до Груевски, Антонио Милошоски беше прв до Груевски. Тие луѓе сега сакаат да добијат нова шанса да ја водат Македонија. На своја кожа осетивме дека ако не си член на ВМРО-ДПМНЕ не можеш да се вработиш, не можеш да напредуваш во администрацијата, ако имаш приватен бизни,с а не си од нивните ќе ти го сотрат бизнисот“, изјави претседателот Стево Пендаровски на митинг со граѓаните во Гази Баба.

Тој додаде дека СДСМ никогаш не правело такви работи, за никого.

„Во моите пет години не постои човек кој може да каже дека бил привилегиран затоа што ме гласа или дека бил деградиран затоа што не ме гласал. Сум примал и вмровци и сум помагал и на луѓе кои биле директно и јавно против мене. Ќе продолжам да го правам тоа и во следните пет години ако ја добијам вашата доверба, затоа што сите вие сте мои, јас сум ваш и затоа слоганот е „Нашиот претседател“, потенцираше Пендаровски.

Тој посочи дека од исклучителна важност е масовна политичка мобилизираност во првиот круг затоа што резултатот од првиот круг ќе покаже какви ќе бидат резултатите и на 8 мај.

„Ако сме во сигурно мнозинство, тоа е олеснителна околност на 8 мај да ја дозавршиме работата. Да не дозволиме рециклажа на режимот, враќање на мрачното минато, бидејќи само ова е патот кој Македонија ваква каква што е мултикултурна, мултиетничка може да просперира“, заклучи Пендаровски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира