Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: На сите битни крстосници на македонската независност опозицијата беше против и ден денес е против

„Јас мислам дека на 24 април ќе биде исклучително битно во првиот круг да направиме максимална политичка мобилизација и да кажеме ‘НЕ’ на таа опција која не враќа назад“, повика претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Тетово.

Тој додаде дека таа политичка структура беше и против Рамковниот договор во 2001, во 1991 бараше со декларација, а не со општонародно изјаснување на референдум да станеме самостојно држава, во 1993 беше против членството во ООН, е против Преспанскиот договор и против Преговарачката рамка.

„На сите битни крстосници на македонската незавиност тие беа против. И ден денес се против и така имаат намера да владеат“, посочи Пендаровски.

Претседателот кажа дека тие сеат политичка магла и манипулираат со некажување на нивниот план за европскиот пат на државата.

На граѓанскиот митинн во Тетово Пендаровски нагласи дека државата не може да просперира без евроатлантските интеграции и меѓуетничката кохабитација

„Две се витални константи на македонската независност. Ако не внимаваме и на едното и на другото државата нема да просперира. Првото се евроатлантските интеграции, а второто се меѓуетничкиот соживот“, потенцираше Пендаровскиво Тетово.

Тој додаде дека имаме историска традиција на меѓуетничка кохабитација, а со Рамковниот договор тоа стана дел и од Уставот.

„Досегашната пракса покажува дека меѓунационалните односи изминативе 6-7 години се повисоки од 11 години на претходниот режим. Младите не се тепаат во јавен транспорт, нема тепачки на Кале“, рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека во моментов меѓуетничките односи се најстабилни од независноста до денес.

Треба да знаете
Moже да ве интересира