Пендаровски: Не можеш да се нарекуваш претседател на сите граѓани, ако навистина сите граѓани не ги третираш на еднаков начин

„Во изминативе години како претседател она што ви го ветив пред 5 и пред 10 години овде, мислам дека до последната буква го реализирав. Според мене, не можеш да се нарекуваш претседател на сите граѓани, ако навистина сите граѓани не ги третираш на еднаков начин, и сите граѓани да бидат еднакви со претседателот. Во изминативе години, секој од вас што побарал помош од претседателот бил удостоен со прием, со разговор и со подршка. Секаде каде што сум можел сум помагал и јас и мојата сопруга и другарите кои беа пратеници, министри, градоначалници. Секаде не сме можеле да постигнеме, но никого не сме одбиле. Тоа важи и за оние кои не гласале за мене, не гласале за нас, затоа што мене ми е битно сите граѓани овде да се еднакви, сосема небитно дали се за оваа или онаа партија, дали се Макаедонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, било што, сите тие се и ќе бидат еднакви за мене. И јас сум мислам делка сум еднаков со вас, без разлика што сум претседател“, рече Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски од граѓанската трибина во Кочани.

Тој се осврна на тоа што го нуди главната опозициска партија.

„Реков поништување на сите договори, враќање на делбите, и истите луѓе , со истите имиња и презимиња, од истата политичка партија, сакаат да владеат на истиот начин. Дојдат ли еднаш до власта, нема да решат ниту еден стратешки проблем на Македонија, а ќе сакаат да останат доживотно да останат на власт. Ние тоа не смееме да им го дозволиме, се разбира на демократски и политички начин“, рече Пендаровски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира