Поетско матине во КИЦ-Софија со македонски и бугарски писатели, музичари, сликари, режисери и издавачи

Денеска (27-ми април) на пладне во КИЦ на РСМ во Софија се одржа поетско матине по повод 18-тиот роденден на Центарот.

Делегација на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), предводена од претседателот Христо Петрески, претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска, и членот на претседателството на ДПМ, Бранко Цветковски, на бројните гости им ја претставија својата поезија.

Настанот го отвори директорот на КИЦ на РСМ во Софија, д-р Сашко Насев. Преводот на бугарски јазик го читаше Георги Георгиев-Антика, кој изведе и популарна македонска музика на пијано.

На поетското матине беа присутни познати бугарски поети и пријатели на Културно-информативниот центар. Како гостин на настанот бугарската поетеса Маја Панајотова прочита своја песна посветена на Скопје, а Кристина Николовска имаше краток перформанс на пијано.

На ова поетско матине македонските поети се дружеа со нивните колеги Димитар Христов, Антон Баев, Тања Попова, режисерите Дарко Милошовски, Владлен Александров, сликарите Маријан Ѕин, Иво Пецов, музичарите Султана Марковска, Манол Михајлов, издавачот Пламен Тотев и други гости.

Поетското матине помина во исклучителен амбиент како најблагороден уметнички настан по повод роденденот на КИЦ на РСМ во Софија.

Треба да знаете
Moже да ве интересира