Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полскиот претседател предложи зајакнување на националниот одбранбен систем поради „новите закани од Русија“

лскиот претседател Анджеј Дуда поднесе до парламентот нацрт-закон за зајакнување на одбранбената готовност, поради новите форми на закани од Русија, соопшти денеска Националната служба за безбедност (ББН).

Според предлогот, генералната и оперативната воена команда ќе се спојат во едно тело.

Нацртот предвидува и нови постојани одбранбени планови кои обезбедуваат способност на војската веднаш да одговори на ненадејни закани и има за цел да го подобри протокот на информации и координацијата меѓу цивилните и воените власти на Полска.

– Предлогот предвидува воведување промени во воените и невоените области, зајакнување на способноста за спротивставување на хибридните закани и директна вооружена агресија, се наведува во соопштението на ББН.

Се додава дека предлозите се „одговор на промените во безбедносното опкружување, вклучително и новите форми на закани од Руската Федерација насочени против Полска и другите земји од Европската унија и НАТО“.

Руската амбасада во Полска соопшти дека не е во можност да го коментира соопштението на ББН бидејќи не е запознаена со тоа на какви „нови“ и „стари“ облици на наводни закани од Руската Федерација насочени против Полска и други земји од ЕУ и НАТО се мисли.

Полска ги зголеми своите воени трошоци на над четири отсто од бруто домашниот производ, што е повеќе од препораките на НАТО.

Треба да знаете
Moже да ве интересира