Поради опасност од нови силни врнежи и поплави, полицијата и цивилните служби денес ги предупредуваа жителите на Валенсија и околните градови да останат дома.
Полицијата со мегафони ги повикува граѓаните да се вратат во своите домови, а Националната метеоролошка агенција издаде нов црвен метео аларм за јужниот дел на Валенсија за периодот помеѓу 18 и 23 часот, со можни врнежи од 90 литри на квадратен метар, односно девет сантиметри за еден час.
Сите жители на регионот добиле вонредно известување на своите мобилни телефони со предупредување од силни врнежи и со повик да останат дома.
Во поплавите изминатите денови во Валенсија и околината починаа над 250 луѓе, а многумина се уште се водат како исчезнати.