Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Претставата „Лавина“ од Тунџер Џуџенолу премиерно во Турски театар

Новата претстава на Турскиот театар, „Лавина“ од авторот Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска, вечерва (30 април) со почеток од 20 часот  премиерно ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија.

Улогите ги толкуваат: Зиба Радончиќ, Селпин Керим, Дин Ибрахим, Сузан Акбелге, Бурханетин Ибрахим, Џенап Самет, Слаѓана Вујошевиќ, Јеткин Сезаир, Инес Радончиќ, Емине Халил, Аксел Мемед и Наџије Кеч.

„Дали лавината е само појава во природата или можеби ние во нашите глави сами го создадовме овој страв?“, вели режисерката Наташа Поплавска.

Изборот на музика го направи Ристо Вртев, а кореографијата е на Ирена Лозинска.

Претставата ќе има превод на македонски јазик.

Треба да знаете
Moже да ве интересира