Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Претставникот на Израел ја обвини ЈАР за пристрасност пред Хашкиот суд: „Имаме право да се браниме“

Со обраќањето на израелскиот правен советник Тал Бекер, денеска во 10 часот пред судскиот совет на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, продолжија сослушувањата во врска со тужбата за геноцид поднесена против Израел од страна на Јужноафриканската Република за злосторствата против Палестинците во Газа.

Според него, повиците за привремени мерки за прекин на огнот во Газа „не се издржани, бидејќи Израел има право да се брани“.

Тој ја обвини ЈАР дека одржува блиски врски со Хамас и додаде дека Израел дејствува во Газа за да ги заштити цивилите.

Израелските адвокати најавија дека пред Хашкиот суд ќе ги прикажат немонтираните снимки од нападот изведен од Хамас во Израел на 7 октомври минатата година.

Бекер рече дека е важно Судот да види дел од снимките за да даде увид во избувнувањето на војната во Газа.

„Невозможно е да се разбере вооружениот конфликт во Газа без да се цени природата на заканата со која се соочува Израел и бруталноста и беззаконието на вооружените сили што му се спротивставуваат“, рече Бекер, според Ал Џезира.

ЈАР го обвинува Израел за геноцид, но бара од Судот и итно да спроведе „привремени мерки“ и „да му нареди на Израел да престане да убива и да предизвикува страдање и болка на палестинскиот народ во Газа.  Барањето, исто така, повикува на прекин на ограничувањата за испорака на помош, како и забрана на израелските директиви за евакуација.

Треба да знаете
Moже да ве интересира