Прободен ученик во Ченто, опериран е но е во критична состојба

15 годишно момче кое вчера било прободено со нож од негов врсник е хоспитализирано на скопските клиники и се наоѓа во критична состојба.

Директорот на Ургентен центар д-р Игор Мерџаноски за весникот Вечер потврдува дека детето е оперирано и е во критична состојба.

Претходно, полицијата информираше дека е уапсен 15-годишникот кој со остар предмет нападнал ученик во основно училиште во Општина Гази Баба во Скопје. Според информациите, инцидентот се случил во ООУ „25 Мај“, во населбата Ченто.

– На 11.5.2026 во 14:50 часот, во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава – соопштија од МВР.

Најчитано

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најчитано