Промоција на книгата „Мистериозен спектакл“ од Катја Андреева во КИЦ Софија

На 15 декември 2023 (петок), од 18:30 часот, во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „Мистериозен спектакл“ од Катја Андреева.

Првата книга на Катја Андреева ја следи логиката на долгогодишното поетско и сценско искуство, поврзано со изведби на авторски спектакли, перформанси, претставувања во формати како што се фестивали, литературни читања, учества во театарски работилници.

Промоцијата на книгата, која е издание на „Херон прес“ од Софија, ќе биде збогатена со учество на Меглена Божанова – ликовна уметница, Ана Танчева – актерка, Цветелина Малџанска – сопран и Надежда Малчева – пијано.

Треба да знаете
Moже да ве интересира