Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Радев против Мицкоски: Нема провокации во средбата со Давкова Сиљановска и да не шпекулираме со тоа

“Немаше никакви провокации и да не шпекулираме со тоа. Средбата се одржа во пријателски дух. Ние ќе ја помагаме Северна Македонија, побрзо да започне со преговорите по поглавја за членство во ЕУ“, одговори бугарскиот претседател Румен Радев на прашање на новинарите во Софија.

Овој одговор на Радев следува откако Мицкоски во Скопје изјави дека „Европа и светот можеа да видат на отворена сцена кои се вистинските намери на водството во Софија. Не се вистинските намери на водството во Софија, Бугари во Устав, тоа е најмалиот проблем, многу е поголема потребата да покажат мускули и да ги покажат своите вистински намери“.

Во одговорите на новинарските прашања Радев рече дека „ќе се расчисти оваа ситуација и дека многу повеќе се посветило внимание на формата отколку на содржината“.

„Многу поважно е што ќе направиме од тука понатаму. Да ѝ помогнеме на Северна Македонија зашто таа нема проблем со Бугарија, проблемот на Северна Македонија е што не ја спроведува Преговарачката рамка која ја прифати Европскиот Совет, сите членки на ЕУ и Северна Македонија“, истакна Радев.  

Тој повтори дека со претседателката на Северна Македонија имал пријателска и конструктивнна средба.

„Очекувам најавениот стремеж за отвореност и конструктивност да биде прифатен и од Владата на Северна Македонија“, рече Радев.

Одговорите на Радев за средбата со претседателката на Северна Македонија започнуваат на 04:25 минута од видеото.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново