Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Русија го стави портпаролот на Мета на листата на барани лица

– Русија го стави портпаролот на Мета Платформи, Енди Стоун, на листа на барани лица со неспецифирани обвиненија. Стоун е наведен на списокот на барани лица на Министерството за внатрешни работи на Русија, без дополнителни детали. 

Во октомври 2022 година, Русија ја прогласи Мета како „терористичка и екстремистичка“ организација, отворајќи можни криминални истраги и казни за корисниците во земјата.

Русија ја загрози слободата на медиумите и социјалните медиуми откако ја започна својата офанзива во Украина минатата година и ја забрани критиката за воените дејствија.

Фејсбук и Инстаграм се блокирани во Русија од почетокот на офанзивата во Украина и се достапни само преку VPN. Забранет е и Твитер, како и руските независни медиуми кои го критикуваат Кремљ.

Пред забраните, милиони Руси користеа апликации кои припаѓаат на Мета, особено Инстаграм, кој останува многу популарен кај младите Руси. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира