САД доделуваат повеќе од четири милиони долари за 74.000 бегалци кои го напуштија Нагорно Карабах  

 САД доделуваат повеќе од четири милиони долари за 74.000 бегалци кои го напуштија Нагорно Карабах откако во септември регионот премина под контрола на Азербејџан, објави денеска Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). 

Во Нагорно Карабах претходно живееја отприлика 120.000 етнички Ерменци мнозинство од кои ги напуштија своите родни огништа. 

Помошта на САД за бегалците вклучува храна и обезбедување со станбен простор. 

Од 2020 година до сега американската помош за жителите од Нагорно Карабах е во висина од 28 милиони долари, јавуваат од УСАИД. 

-САД ги подржуваат граѓаните кои настрадаа од воената операција на Азербејџан и ги подржуваат напорите на владата на Ерменија да им укаже помош на ониена кои им е потребна, се вели во документот. 

Ерменија неколкупати досега побара од Баку да се склучи мировен договор меѓу двете страни. 

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер синоќа изјави дека САД се убедени дека Баку и Ереван треба да ги разгледаат актуелните проблему во директен формат, со преговори. Според него САД се спремни да учествуваат во такви преговори.

Треба да знаете
Moже да ве интересира