СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда, тоа е уште една лага на Мицкоски

СДСМ

Денес истекува рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните,  до 1 јуни да ги исполни сите 10 точки од Реформската агенда, реагираат од СДСМ.

Сведоци сме на уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага на Мицкоски. Тој дојде на власт со лаги. Вети дека ќе го врати името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди подобри преговарачки услови, поголеми странски инвестиции и подобар животен стандард. 

Најмногу лажеше дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се загрозени.

Што добивме?

•  Признаа дека нема да го вратат името, во „БЈРМ” или „ФИРОМ”.

•  Мицкоски го нарече Преспанскиот договор ремек-дело на дипломатијата.

•  Гордана Сиљановска призна дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се заштитени и апсолвирани.

•  Тимчо Муцунски призна дека НАТО е „феноменална работа” и дека создава поволна клима за инвестиции.

Странсккте инвестициите паднаа за 60%.

Економијата е полоша, нема зголемување на минималната плата, инфлацијата е многу повисока отколку во ЕУ. Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај. Не го вратија името, не го укинаа Преспанскиот договор, создадоа конфликти со соседите, не исполнија ниту еден услов. Доста е со лагите!“ стои во реакцијата на СДСМ.

Од СДСМ додават и дека граѓаните на Македонија повеќе не сакаат да ја плаќаат цената за Мицкоски и како што велат неговата криминална група. 

„Не сакаат тие, нивните семејства и нивните деца да ја плаќаат цената на изолацијата и грабежот. Распишете референдум! Граѓаните сами нека одлучат за својата иднина“ се наведува во соопштението на СДСМ.

Најчитано