Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ прашува дали кредитот од Унгарија е цената за чувањето на Груевски

Што стои позади договорот во четири очи меѓу Мицкоски и Орбан за задолжување на државата со 500 милиони евра, кога веќе Северна Македонија е корисник на кредит од 150 милиони евра од Европската банка за развој и тоа под многу подобри услови од оние под кои Мицкоски ја задолжува држвата? Тоа е прашањето што деновиве си го поставува македонската јавност за кредитот на Орбан за Мицкоски кој се преполови на половина.

Од СДСМ велат дека нашата земја досега земала многу поповолни кредити од овој на Орбан.

,,Кредитот од Европска банка за развој е по подобри услови, односно каматна стапка од 1,6% со грејс период од 24 месеци и рок на отплата од 12 години и дополнителни 100 милиони со 3,5?
Овој кредит е далеку поповолен од овој од Будимпешта. Зошто без никакви други обиди преку контролирани механизми на задолжување од меѓународни финансиски организации сака да земе кредит во четри очи?”, велат од СДСМ.

Освен тоа, велат од СДСМ, кредитот на Мицкоски ќе ги наруши односите со меѓународните финансиски институции

Опозициската СДСМ бара одговори од власта, дали таквата, како што ја нарекоа ,,екскурзија” на Мицкоски може да ги наруши односите на Македонија со меѓународните институции.

„Свесен ли е Мицкоски дека влегува во екскурзија што сериозно може да ја загрози нашата соработка со меѓународните финансиски институции како Светска Банка и Меѓународен Монетарен Фонд?”, прашуваат од СДСМ.

Од опозицијата посочуваат дека во моментов државата е корисник на поповолен кредит и прашуваат „зошто ја лажеа јавноста кога министерката за финансии Кочовска рече дека кредитот ќе биде со камата под 3%, а од информациите што сега ги пласираат таа изнесува 3,25%?

„Што се крие зад покачувањето на каматната стапка?“, прашуваат од СДСМ.

Според опозициската партија, „единствено што направи со овој потег Мицкоски е да ги коцка државните интереси со т.н. стратешки економски договор со егзил – чуварот на неговиот претходник, Никола Груевски, унгарскиот премиер Виктор Орбан“

„Дали е ова цената за чувањето под закрила на Груевски?”, велат од СДСМ.

За СДСМ новото задолжување на државата од 500 милиони евра од Унгарија не е никаква специјална економска соработка туку ставање на државата во заложништво и подаништво на друга држава.

„Конечно е јасно зошто Мицкоски и неговите соработници секој викенд беа во Будимпешта на консултации кај азилантот Груевски. Специјалната економска соработка со Унгарија е во насока на презадолжување и политичко заложништво на нашата држава кон друга држава. Прашуваме каква е улогата на Груевски во оваа зделка? И на малите деца им е јасно дека позади ваквиот договор се кријат политички интереси кои многу брзо ќе излезат на виделина“, обвинува опозициската СДСМ.

СДСМ обвинува дека Мицкоски во четири очи договара она што му одговара затоа што за постапката за задолжување нема ниту владина одлука ниту посебен закон за задолжување во Собранието.

Зачлени се на нашиот е-билтен