Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шкријељ: Со новото законско решение ќе инкорпорираме одредби коишто ќе значат воведување на политика на казнивост

„Самото министерство за правда и министерот веќе најавија дека во завршна фаза е нов кривичен законик. Сите се сложни дека одредбата на спорниот член 353 таков како што беше не беше добро формулиран. Тогаш во новото законско решение во новиот кривичен законик можеме да видиме и да инкорпорираме одредби коишто навистина ќе значат конечно воведување на политика на казнивост во нашата држава, рече пратеничката од редовите на СДСМ Санела Шкријељ на Телевизија 21.

Таа додаде дека нејзин личен став е не смее да има политика на неказнивост.

„Мора да работиме на подобрување на ефикасноста и ефективноста на правосудниот систем. Мора конечно да зборуваме за индивидуална одговорност со име и презиме. Точно мора да се знае кои се имињата на судиите коишто ги држеле предметите толку долго во фиока за да стигнат до фаза да можат да може да се случи да застарат. Драго ми е што министерот за правда најави реформа во судскиот совет затоа што истиот е една од тие инстанци кои треба да го следат постапувањето на судовите“, заклучи Шкријељ.

„Внимателно ги следевме изјавите на министерот, го спомна и претходниот закон на амнестија на прекршителите за време на ковид пандемијата. Токму во тоа законско решение имаме таква мерка. Нивната казна да се замени со условна казна. Немаат целосна амнестија како што се предлага во овој случај. На крајот на краиштата, самиот факт дека ние со овие предлог законски измени би пуштиле надвор 200 лица а чекаат да влезат 2.800 зборува дека нема да го решиме системски проблемот, рече пратеничката Шкријељ.

Таа додаде дека се согласува со изјавите на министерот дека условите во затворите се такви какви што се.

„Од аспект на тоа што значи грижа за човековите права, и од аспект на она што значи ресоцијализација и рехабилитација, потребно да се донесе решение коешто ќе оди во насока на остварување на тие цели“, заклучи Шкријељ.

Зачлени се на нашиот е-билтен