Во врска со повторното здружување на Скопје и Тирана на европскиот пат, еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји истакна дека двете земји можеби политички биле во пакет, но во пракса никогаш не биле поврзани во напорите за приближување кон ЕУ бидејќи, тоа е процес заснован на индивидуални заслуги.
– Здружувањето на земјите кандидати една со друга, би значело дека правиме компромиси или дозволуваме да се прават компромиси врз основа на принципот на заслуги, кој е еден од темелите на Копенхагенските критериуми, истакна Вархеји.
Сијарто, пак, рече дека верува оти Северна Македонија заслужила да ги започне суштинските преговори, но дека сите знаат со какви пречки се соочува.
– Она што можам да ви ветам како унгарско претседателство е дека ќе продолжиме да ги поддржуваме двете земји за да можат да минат низ процесот на пристапување што е можно побрзо, додаде Сијарто.