Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Силјановска победи на претседателските избори: Ќе направам сè да ги бранам државните и националните интереси

Македонските граѓани се одважија без оглед на етничка, верска, социјална и друга положба да излезат достоинствено и да го дадат гласот на оној којшто сакаат, изјави претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.

Првичните резултати од денешниот втор круг претседателски избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени речиси 70 отсто од гласачките ливчиња, води кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 361.279 (64,30%), а Стево Пендаровски од СДСМ има 166.120 (29,57%).

Во првото обраќање после изборната победа за претседател, Гордана Силјановска-Давкова посочи дека гласовите на граѓаните се непроценлива награда за неа која значи огромна одговорност како идна претседателка на Македонија.

-Не ми се случило да ги убедувам граѓаните дека сум најдобриот избор, дека сум неповторлива и сл., оставав изборот да го направата тие и мислам дека направија вистински избор. Има ли поголема промена од тоа жена да стане претседател на оваа државничка, држава? Мислам дека со мене, кога ќе се опкружам со слични жени на мене, свои, субверзивни, стамени, тоа е реформски чекор – рече Силјановска.

Таа посочи дека многу партии, меѓу кои новопојавени, политички настапиле во смисла логиката опозиција да поддржи опозиција.

-Не повикуваа на бојкот, не сатанизираа, оставија простор за преговори, договори – рече Силјановска, која ја поздрави одлуката на противкандидатот Стево Пендаровски да ја критикува одлуката за бојкот, истакнувајќи дека во неа има елементи на државничко однесување.

Таа додаде дека не е време за поделби, фалби, триумфализам…

-Мора ние да се обидеме да ставиме крај на валканизацијата, да помагаме едни на други. Ќе направам сè да ги бранам државните и националните интереси – порача таа.

Треба да знаете
Moже да ве интересира