Силјановска со арсенал навреди кон Пендаровски и Ковачевски: Нималку достоинствено, а уште помалку за да биде Македонија горда 

Кандидатката за претседателка Силјановска-Давкова настапи со навреди кон актуелниот претседател Пендаровски и претседателот на СДСМ и екс премиер Ковачевски.

„Никогаш не говорам за студентите, ама најдобрите никогаш не ги заборавам и за нив секогаш кажувам сè. Не го помнам Стево Пендаровски како студент, но знам дека магистрирал и докторирал откога ги усовршил своите аналитички способности во министерството за внатрешни работи“, изјавува Силјановска –Давкова, а пренесува Фокус.

Таа додава дека, Пендаровски го запознала на една врвна дебата, организирана од поранешниот претседател Борис Трајковски, наречен „Дијалог на цивилизациите“, каде што учествувале врвни интелектуалци од земјата и од светот, а каде што Пендаровски најверојатно бил дел од организацијата на настанот, а тоа Силјановска го раскажува во стилот „Знам дека околу нас кружеше еден човек и се сетив подоцна дека тоа беше Пендаровски, веројатно беше дел од организацијата на настанот“.

Потценувачкиот однос на Силјановска кон Пендаровски продолжува и понатаму, со изјавата дека тој зборувал она што ќе му го кажел „фактичкиот премиер“ Ахмети.

Силјановска непребирлива во зборовите и навредите, искоментира во сличен стил и за претседателот на СДСМ, Ковачевски.

„Да не зборувам за оној другион“, вели Силјановска (мислејќи на Ковачевски), „мојот професор, Ѓорѓи Марјановиќ, велеше дека никој како кумановците не умеат преку скратеното име да ја изразат личноста. Не го кажувам неговиот прекар, меѓутоа знам дека не случајно е во женски род.“

Иако јавноста е свесна дека  реториката на против кандидатите се повеќе  ќе се заострува и дека ќе има и непристојни и недостоинствени коментари и обвинувања, сепак за една кандидатка за претседател на државата и долгогодишен професор, ваквите настапи се најмалку достоинствени и ни малку нешто на што треба Македонија да е горда, како впрочем е и паролата на кампањата на партијата чиј кандидат е Силјановска. Ова ли е реториката за гордеење на ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател?

Треба да знаете
Moже да ве интересира