Скопски улици утре без вода поради интервенција на мрежата

Корисниците од шест улици во Скопје утре ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради најавени работни активности на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

Без вода ќе останат корисниците од улиците „Индустрија“, „Перо Наков“, „Вера Радосављевиќ“, „Димче Милошевски“, „Боривое Милошевски“ и „Зендел Џемаил“, кои се наоѓаат во индустрискиот дел на Општина Гази Баба.

Прекинот ќе започне во 9:30 часот и ќе трае до завршувањето на замената на затворач на водоводната мрежа на улицата „Индустрија“ бб.

На корисниците од засегнатите улици им се препорачува навреме да обезбедат доволно вода за основните потреби. Информациите за активните прекини и дефекти се објавуваат и на сервисната страница на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

Најчитано