Стаорци низ Карпош, граѓани пријавуваат зголемено присуство на глодари

Жители на Карпош во последните денови пријавуваат зголемено присуство на стаорци и глувци во населбата, особено во вечерните часови, околу контејнерите, зелените површини и шахтите.

Според сведоштвата на граѓаните, глодари се забележуваат и во близина на станбени објекти, што отвора прашање дали е потребна дополнителна дератизација во делови од општината.

Последната објавена редовна дератизација започна во февруари годинава и со неа беа опфатени околу 5.000 шахти, како и основните училишта и детските градинки на територијата на општината. Општината тогаш информираше дека вакви акции редовно се спроведуваат напролет и наесен.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?