Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека очекува Обединетото Кралство во април да го почне депортирањето на барателите на азил во Руанда, придржувајќи се до првичната временска рамка за планот за кој моментално се расправа во парламентот.
-Сè уште сум посветен на крајниот рок што го поставив претходно, што значи дека депортацијата почнува оваа пролет, изјави Сунак за време на посетата на англискиот град Ковентри, пренесоа британските медиуми.
Британскиот премиер додаде дека е важно планот за Руанда да биде балансиран и да функционира, бидејќи неговата земја „мора да ја запре илегалната миграција“.