Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Супериорен концерт на Џамбо Агушеви оркестар во Тирана

Во организација на македонскиот Културно информативен центар во Тирана, Џамбо Агушеви оркестар настапија на познатиот тирански фестивал „Clouds“, со кој раководи директорката Едит Пула.

Концертниот простор, кој се наоѓа во центарот на градот, беше исполнет до последно место, Агушеви настапија супериорно и величествено убаво. Свиреа технички совршено во манир на големи светски артисти, плетејки мрежа од прекрасни мелодии. Публиката стануваше, играше во транс, дел од нив се качуваа на сцена играјки заедно со нашите музичари.

Публиката немаше соодветни зборови да го опише настапот на Џамбо Агушеви оркестар во Тирана. Беа едногласни дека нивниот концерт беше „нешто многу, многу посебно“.

Фестивалот „Clouds“ се одржува секоја година. Агушеви пред да настапат во Тирана, имаа неколку концерти во Германија и авионски стасаа до Скопје, та од таму, веднаш со автомобили тргнаа за Албанија каде стасаа ноќта пред нивниот овдешен концерт.

После двочасовен фуриозен настап, публиката не сакаше да замине и музичарите се вракаа неколкупати на бис. Веднаш после настапот, Џамбо Агушеви, отпатуваа на концерт во Бугарија.

Македонскиот Културно Информативен Центар во Тирана, најавува уште еден настан. На 23 мај во Тирана ке настапат ДОБРИЛА и ДОРИАН ДУО.

Зачлени се на нашиот е-билтен