Телефонски разговор Зеленски – Шолц

– Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во денешниот телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц, се заблагодари за поддршката од Германија и го поздрави одобрувањето на нацрт преговарачката рамка за членство во Европска Унија.

– Украина го заврши спроведувањето на сите четири законодавни чекори дефинирани од Европската комисија во програмата за проширување, што е основа за одобрување на преговарачката рамка. Сега останува на земјите-членки. Најбрзата реакција на партнерите ќе ја покаже нивната посветеност на курсот за приклучување на Украина во ЕУ, нагласи Зеленски.

Зеленски и Шолц разговараа и за развојот на одбранбената соработка и на ниво на држави, така и на ниво на претставници на одбранбено-индустрискиот комплекс и за локализација на одбранбеното производство во Украина.

– Ги пренесов приоритетните потреби на украинските бранители во оклопни возила, артилерија и противвоздушна одбрана. И благодарам на Германија што се приклучи кон напорите на Чешка да купи артилериски гранати за Украина, наведе Зеленски. 

Шолц ја потврди непоколебливата поддршка за Украина.

– Ние цврсто стоиме до Украина … Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во тесна соработка со нашите меѓународни партнери. Колку што е потребно, истакна Шолц. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира