Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тренчевска: СДСМ ја зголеми минималната плата двојно а социјалната помош за 300 проценти во споредба со ДПМНЕ

Растот на минималната плата, на пензиите, на правата од детската и социјалната заштита, е значително поголем денеска во споредба со 2017 година и поголем од стапката на инфлација истакна претседателката на Форумот на жени на СДСМ и заменик министерка за труд и социјална политика Јована Тренечевска, во Студио 10 на Телевизија 24.

-Гарантираната минимална помош за многудетно семејство сега е 16.000 илјади дена, а беше 7.000 денари до 2016 година. Социјалната помош за едно лице е 6.000 денари, а порано беше 2.000 денари. Воведовме раст на минималната плата која во март ќе изнесува 22.500 а беше едвај 8.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Минималната пензија ја зголемивме за 100 проценти. Денес 2,2 просечни плати се доволни за покривање на потрошувачката кошничка. Денес имаме 38.500 просечна плата со тенденција да расте и натаму, тоа е концептот на СДСМ. Социјално ранливата категорија на граѓани не ги поддржуваме само со гарантирана минимална помош туку со палета на права и услуги од социјална и детска заштита. Дополнителнo исплаќаme финансиска поддршка за uчениците во средно и основно училиште, рече Тренечевска.

Пензискиот фонд, ВМРО-ДПМНЕ го остави со дефицит од 47%, тој дефицит сега е 31% поради добрите политики на СДСМ додаде Тренчевска потсетувајќи дека ДПМНЕ манипулира со пензионерите.

-Имавме манипулации со пензионерите дека ќе им дадат на сите по 5000 денари, па потоа ретерираа и сите што излегуваа низ меидумите од опозицијата рекоа пу пу не важи, ќе дадеме по 500 денари, потенцираше Јована Тренчевска денеска за Телевизија 24.

Треба да знаете
Moже да ве интересира