Туск: НАТО не е загрозен од непријатели, туку од внатрешниот распад

Туск

Полскиот премиер Доналд Туск оцени дека одлуката на Соединетите Американски Држави да повлечат околу 5.000 војници од Германија е сериозно предупредување за трансатлантската заедница и НАТО.

Туск реагираше откако беше објавено дека Министерството за одбрана на САД ќе го намали бројот на војници стационирани во Германија во следните шест до 12 месеци. Според извештаите на агенциите, ова е приближно 14 до 15 проценти од американскиот контингент во таа земја, во која се наоѓаат важни американски воени бази, вклучувајќи ја и Рамштајн.

Полскиот премиер изјави на социјалната мрежа X дека најголемата опасност за Западот не доаѓа однадвор, туку одвнатре.

„Најголемата закана за трансатлантската заедница не се нејзините надворешни непријатели, туку континуираниот распад на нашиот сојуз. Сите мора да направиме сè што е потребно за да го свртиме овој катастрофален тренд“, напиша Туск, според медиумите.

Зачлени се на нашиот е-билтен