Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уапсен маж од Арачиново за криумчарење мигранти од Иран

На автопатот Гевгелија – Скопје, кај местото викано „Милци“, полициските службеници од станицата за граничен надзор „Богородица“ вчера во 5:20 часот го уапсија 35-годишниот А.Б. од Арачиново поради криумчарење мигранти.

Во возилото „Крајслер“ со скопски регистарски таблички, кое го управувал А.Б., биле забележани девет мигранти од Иран. Полициските службеници ги пресретнале мигрантите по нивното излегување од возилото и ги пренеле во прифатно-транзитен центар во Гевгелија.

А.Б. е задржан во полициската станица во Гевгелија и против него е поднесена кривична пријава за криумчарење мигранти, според член 418-б од Кривичниот законик.

Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор од 30 дена, по што тој е спроведен во затворот во Скопје за издржување на мерката.

Зачлени се на нашиот е-билтен