УЕФА: Ќе го бојкотираме „приватното“ Светско првенство на ФИФА

Сите 55 членки на УЕФА се договорија за радикален чекор по планот на Џани Инфантино за продажба на 21 отсто од комерцијалните права.

Одлуката беше донесена едногласно попладнево на виртуелен состанок, а претходно имаше стравувања дека некои членки како Чешка, би можеле да гласаат против.

УЕФА се реши на ваков радикален чекот откако ФИФА предводена од Инфантино ги објави плановите за продажба на удели во комерцијалните натпреварувања на приватни инвеститори.

Планот што ја предизвика реакцијата предвидува формирање на нова ентитет-компанија наречена „ФИФА Форвард Ентерпрајзис“ (FFE). Ова тело треба да ги преземе сите комерцијални операции на светските и клупските првенства. ФИФА планира да продаде до 21 отсто од FFE за 4,2 милијарди долари, а собраните средства веднаш да им ги распредели на националните сојузи. ФИФА би го задржала мнозинскиот удел и улогата на главно управно тело.

Прво на удар од изгласаниот европски бојкот е Светското првенство за жени следното лето во Бразил, а потоа и машкото Светско првенство во 2030 година во Шпанија, Португалија и Мароко. Одлуката на европските земји да го замрзнат учеството директно го загрозува одржувањето на овие турнири.

Најчитано