Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети истрелани во текот на изминатата ноќ

 Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле неколку десетици ракети и дронови лансирани од Русија претходната ноќ низ целата земја, како дел од нападот насочен кон енергетските инсталации.

– Непријателот (Русија) употреби 76 средства за воздушен напад – 55 проектили и 21 јуришен дрон, соопштија украинските сили на Телеграм, додавајќи дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале 39 проектили и 20 беспилотни летала.

Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко утринава соопшти дека руските сили во текот на претходната ноќ извршиле нов „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, во кој се повредени најмалку шест лица.

Треба да знаете
Moже да ве интересира